EUR/USD малку се зголеми, но забележа највисоко ниво во повеќе од два месеци во средата, бидејќи доларот продолжи да омекнува во однос на другите валути.
Британската фунта нагло се искачи на највисоко ниво во последниве две и пол години. Ова се случи по одлуката на Банката на Англија да ги задржи каматните стапки на 5 отсто.
USD/JPY се движеше на пониско ниво откако во петокот нагло падна. Јенот падна откако Либерално-демократската партија победи во првиот круг од изборите во Јапонија. Партијата е предводена од Шигеру Ишиба, кој го застапува заострувањето на моентарната политика.
Цената на златото помина уште една недела во пораст и забележа уште едно рекордно ниво во четвртокот. Како што растеа стравувањата од потенцијална поширока војна на Блискиот Исток, така растеа и очекувањата дека ФЕД може во ноември да се одлучи за уште едно намалување на каматните стапки за 50 базични поени.
Цената на берзанските индекси се зголеми минатата недела, а S&P 500 достигна уште едно највисоко ниво на сите времиња. Веста дека Кина има намера да ја стимулира својата економија за да го поттикне растот, го поткрепи порастот на глобалните акции.
Цената на суровата нафта се повлече на најниско ниво во две недели откако извештаите сугерираа дека ОПЕК на заедничкиот министерски состанок следната недела има намера да се придржува до договорот за укинување на намалувањето на производството во декември.