CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 73% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.
ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 75% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал.

Неделни анализи

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите - 07/10/2024 - 11/10/2024

Неделен преглед на пазарот на цените на CFD договорите 16/10/2024

16 октомври, 2024
Неделни анализи 16/10/2024 Економски календар

Евродоларот продолжи да паѓа минатата недела откако податоците за инфлацијата CPI во САД беа повисоки од очекуваните, намалувајќи ги шансите за поостро намалување на каматните стапки на ФЕД во ноември.

Британската фунта падна малку, но се движеше претежно во одреден опсег поради подобрите податоци за производство објавени минатата недела и поради податоците за БДП кои беа во согласност со очекувањата.

USD/JPY се искачи на највисоко ниво од седум недели, бидејќи трговците ги апсорбираат последиците од несогласувањето помеѓу Банката на Јапонија која сака да ги намали каматните стапки и нејзината нова влада која претпочита да го паузира намалувањето на каматните стапки.

Цената на златото се движеше на повисоки нивоа, откако достигна најниско ниво во повеќе од две недели претходно во текот на неделата, бидејќи учесниците на пазарот ја ценеа идејата за веројатно помало намалување на каматните стапки од 25 базични поени во ноември.

Цените на берзанските индекси ја завршија неделата на рекордно високо ниво. Ова уследи по откривањето во четвртокот на футуристичкиот на Роботакси на Тесла. На настанот, исто така, беа претставени Robovan со 20 седишта и роботот Optimus кој оди и зборува. Започна и сезоната на објавувањето на финансиските извештаи за третиот квартал.

Цената на суровата нафта ја забележа својата втора последователна недела на зголемување, бидејќи учесниците на пазарот го очекуваа потенцијалниот израелски напад врз иранските нафтени објекти. Во меѓувреме, во САД, ураганот Милтон доведе до распродажба на една четвртина од гориво на пумпи во Флорида, бидјеќи луѓето се обидуваа да избегаат од уништувањето.

Споделете преку вашата мрежа
Подготвени за тргување?Започнете сега