ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 75% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 67% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Што е Cash and Carry Trade?

Cash and carry trade ви овозможува да профитирате од движењето на цените на пазарот со минимален ризик. Прочитајте да сфатите како.

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 28, март, 2023.

Cash and carry trade е еден вид на искористување на пазарните несогласувања во своја корист. Во секој cash and carry trade, трговецот треба да заземе најмалку две позиции кои можат да бидат долга, кратка, идна, или договор со опции.

Она што е клучно за cash and carry trades е дека овој вид на тргување може да ве изложи на минимален ризик со отворање позциија, а сепак да ви овозможи реална шанса за профит.

За да тргувате користејќи ја cash and carry стратегијата, морате да најдете нестабилен и ликвиден пазар, кој ќе ви овозможи да добиете различни резултати од исти средства.

Како Функционира Cash and Carry Тргувањето?

Еве како изгледа една cash and carry стратегија, во кратки црти:

  1. Трговецот забележува значителна ценовна дискрепанца на некое средство на два различни пазари. (на пр. ценовната разлика помеѓу доларот и еврото на options и spot пазарите).
  2. Трговецот отвара по една позициија на двата пазари. (на пр. долга позиција на spot пазарот и прави договор за продавање во блиска иднина).
  3. Откако договорот за продавање во иднина ќе истече, трговецот ја затвора својата позиција отворена на spot пазарот.
  4. Ако трговецот правилно ги пресметал своите позиции, користејќи ја оваа стратегија тој треба да профитира без разлика дали цената на средството се зголемила или намалила.

Пример за Cash and Carry Тргување

Да погледнеме уште еден пример на cash and carry тргување, но овој пат малку подетално.

Да речеме дека трговецот забележува значителна ценовна дискрепанца во акциите на MSFT. Акцијата се тргува за $250 при заземање на CFD позиција, но $240 при заземање на идна позиција.

Трговецот зазема долга CFD позиција, очекувајќи дека цената ќе порасне, но во случај цената да се намали, во исто време зазема и позиција на краток иден договор. Бидејќи истото средство се тргува во две значително различни цени, без разлика дали цената на акцијата на MSFT ќе се зголеми или ќе падне, трговецот ќе профитира на крај.

Cash and carry стратегијата може да се употребува и при тргување со помали ценовни разлики, но во таков случај, маржата за профит (profit margin) е исто така помала.

» Сакате да започнете на тргувате online? Посетете ја платформата на Fortrade која нуди безбедно и брзо тргување, прилагодено за почетници.