ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 75% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 67% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Повик За Маржа - Дефиниција и 5 Увиди Како Да Го Избегнете

Што е повик за маржа - маргинален повик? Прочитајте да научите што тоа е, и како никогаш да не го добиете кога тргувате.

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 31, јули, 2023.

Иако тргувањето со маргина (маржа, левериџ), односно користењето на позајмени средства од брокер за тргување, е популарен метод за тргување, тоа не е за секого - особено не за оние кои штотуку почнуваат.

Основното правило е дека ако тргувате со акции, стоки или девизен курс (forex), не треба да користете пари кои ви се неопходни за секојдневниот живот. Имено, многу луѓе бараат да штедат кон долгорочна цел, така што тргувањето со маржа (маргина) не е нешто што треба да се прави непромислено.

Што е повик за маргина?

Повик за маржа се случува кога брокерот ќе види дека вашата сметка за тргување е при крај со средства, обично поради преголема загуба на позиции. Наместо да дозволи средствата да се исцрпат, брокерот ќе бара дополнителен капитал или хартии од вредност за да продолжи да функционира вашата сметка.

Генерално, ваша одговорност е да го подобрите капиталот на вашата сметка со депонирање повеќе пари или па затворање на некои од вашите други позиции. Исто така, вреди да се спомене дека ако пазарот е исклучително нестабилен како што бил во 1929, 1987, 2001, 2008 или 2020 година, можеби ќе бидете принудени да ги затворате вашите позиции по лоши цени - дури и ако не сакате.

Како да избегнете повик за маржа

Знаејќи ги овие факти погоре, да размислиме како точно можете да избегнете повици за маржа. За почеток, размислете за нашите пет увиди за избегнување на повик за маржа при тргување:

1. Не користете позајмени средства

Користењето позајмени пари од брокерот кога сте во профит може да изгледа како паметен потег. Но, кога акциите ќе паднат на пазарот, вашата сметка ќе биде речиси уништена.

2. Обидете се да користите помалку од максималната маржа што ја нуди брокерството

Може да биде примамливо да ги максимизирате вашите маржи ако брокерот ви го понуди тоа, но ова е многу ризично и може да резултира во финансиска пропаст.

3. Следете ја ситуацијата на вашите сметки

Со тоа што имате сметка за маржа, ваша одговорност е редовно да ги следите вашите сметки и да бидете сигурни дека соодветно се прилагодувате, без разлика дали купувате по вашата целна цена или продавате кога цените се во опаѓање.

4. Избегнувајте нестабилни хартии од вредност и диверзифицирајте го вашето портфолио

Еден од најдобрите начини да се избегне повик за маржа е да престанете да инвестирате во нестабилни хартии од вредност, како што се "meme" акции (како на пример AMC или GameStop). Покрај тоа, диверзификацијата на вашето портфолио со нискоризични хартии од вредност, како акции или индексни фондови, е секогаш добра идеја.

5. Користете известувања за промена на цена и позиции за стоп на загуба

На крај, не заборавајте да искористете предупредувањата за цени во ваша корист со тоа што ќе бидете известени дали акциите достигнале ниво на кое ви е удобно да купувате или продавате. Дополнително, стоп-загуба позициите можат да бидат доста профитаблни, но само ако знаете правилно да ги искористите.

» Подготвени за трговија? Научете како да отворите сметка на Fortrade

Завршни зборови

Постоењето на тргување со маржа покажува зошто секој треба да има дополнителна готовина при рака во случај на повик за маржа. Дури и еден или два проценти плус на лесно достапна штедна книшка може многу лесно да спречи финансиска катастрофа.

За среќа, постојат начини да се избегне повик за маржа - и сите тие вклучуваат да бидете свесни за пазарот и да бидете одговорни со вашите пари.

» Сакате да го подобрите вашето знаење за тргување? Погледнете ги нашите е-книги за тргување и видео упатства