ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 75% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 67% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

5 Начини Да Избегнете Слипиџ Кога Тргувате

Слипиџот може значително да ви ги намали профитите како трговец. Прочитајте да дознаете за најдобрите начини за избегнување на слипиџ.

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 8, август, 2023.

Во тргувањето со девизен курс, слипиџот (slippage - или лизгање) се однесува на разликата помеѓу цената на извршување на позицијата и очекуваната цена на трговецот. Како феномен, слипиџот се случува во сите класи на средства и пазарни услови, но тој е особено чест на пазарите со зголемена нестабилност.

Причини за слипиџ

Обично, постојат три главни причини за слипиџ:

  • Висока нестабилност: Во моменти кога пазарот се движи пребрзо, слипиџот може да биде доста голем. Со други зборови, ако има многу нарачки на пазарот, цената може да се движи прилично нагло за кратко време, предизвикувајќи голем слипиџ.
  • Ниска ликвидност: Кога средството е неликвидно, трговците може да имаат потешкотии да отворат и затворат позиција. Поради ова, цената на средството може да биде многу повисока или пониска кога ќе се извршат позициите.
  • Технички прашања и недоследности: Откако ќе одлучите да отворите позиција, барањето се испраќа до серверот на брокерот и се обработува. Сепак, овие позиции не се извршуваат истовремено, бидејќи често има доцнење од 50-100 ms, познато како латентност.

» Ви треба повеќе помош? Погледнете ги нашите е-книги за тргување и видео упатства

Како да се избегне слипиџ

Постојат неколку начини да избегнете слипиџ - или барем да ги намалите шансите тоа да се случува премногу често. За почеток, еве пет работи што можете да ги испробате:

1. Избегнувајте нестабилни периоди

Со избегнување на периоди на висока нестабилност, ќе можете да го намалите количеството на слипиџ на кое наидувате. Ова е особено точно за "трговци скалпери", кои екстремно брзо ги отвораат и затвораат позициите.

2. Изберете пазари со мала нестабилност и висока ликвидност

Ако сакате да избегнете слипиџ, се препорачува да тргувате на пазари со мала нестабилност и висока ликвидност. Ова може да ви помогне брзо да влезете и да излезете од позиции со минимално влијание врз вашиот потенцијален профит.

3. Користете ограничени позиции (boundary orders)

Ограничените позиции можат да ви овозможат да поставите конкретна количина на пипови над и под моменталната цена - односно да добиете точно таква позиција како што сте посакале. Ако цената на пазарот ја премине оваа граница, позицијата автоматски ќе се изврши. Ова ви овозможува да се занимавате со тргување без да се грижите премногу за слипиџ.

4. Корстете Guaranteed Stops и Limit Orders за вашите позиции

Повеќето брокери ви нудат опција да поставите лимит и автоматски да "стопирате" позиција кога ќе се исполни некој критериум. Ова ви помага да избегнете слипиџ со тоа што ќе се осигурате дека вашите позиции се отвораат и затвораат само по точната цена што ќе ја наведете.

5. Откријте како вашиот брокер се справува со слипиџот

Важно е да знаете како вашиот брокер го третира слипиџот. Повеќето брокери ги прилагодуваат цените за отворање и затворање на трговијата за да се осигураат дека нема трговците да трпат премногу слипиџ. Сепак, не заборавајте да ги проверите овие информации за вашиот брокер пред да започнете со тргување.

» Нашите експерти се тука за вас. Откријте како да отворите бесплатна сметка на Fortrade

Можете ли да избегнете слипиџ?

Колку и да се трудиме, треба да разбереме дека слипиџот е неизбежен дел од тргувањето, но ризикот може да се минимизира со следење на советите наведени во оваа објава. Со избегнување на нестабилни пазари, тргување со висока ликвидност и користење на лимит-нарачки, можете значително да го намалите слипиџот што го доживувате при тргувањето.