CFD Тргување vs. Фјучерси: 5 Разлики Помеѓу Нив
Ажурирано 10, мај, 2024.
Во последните неколку години, CFD-овите и фјучерсите станаа доста популарни начини за тргување на различни пазари и различни класи на средства, како на пример акции, forex парови и метали. Имено, станува збор за деривативни производи на кои нивната цена е поврзана со реален финансиски инструмент. Бидејќи тие се деривати, тие се релативно лесни за тргување и може да се тргуваат со “потпора” (или маржа), што ги прави привлечни за многу трговците.
Сепак, многумина ги користат термините “CFD” и “фјучерси” наизменично, не препознавајќи дека има неколку разлики меѓу нив. Тогаш, кои се разликите помеѓу CFD и фјучерси? Продолжете да читате за да дознаете повеќе за нив.
Дефинирање на тргување со CFD
CFD е кратенка за contract for difference, или договор за разлика, тип на тргување со деривати што им овозможува на трговците да шпекулираат за движењето на цената на средства без да ги поседуваат. Имено, CFD се тргува со маржа (попознато како “левериџ “ или “потпора”), што значи дека трговецот може вештачки да ги зголеми своите позиции и да добие поголеми профити отколку што би можел инаку да си дозволи.
Иако CFD-овите се погодни за почетници, една од нивните најголеми недостатоци се таканаречените “таксите за ноќевање” или overnight fees. Во некои литератури, можете да ги сретнете и како како такси за “превртување” (rollover). Тие се наплаќаат за секоја вечер што позицијата останува отворена. Иако овие такси се мали (обично помалку од 0,5%), износот може брзо да се собере и да стане голем за неколку седмици.
Пример за тргување со CFD
Да разгледаме пример како би можел еден трговец да тргува со CFD. Бидејќи користи 1:100 левериџ, трговецот може да купи повеќе од 100 акции на Microsoft (MSFT) додека има само салдо на сметката за да си дозволи само 1 акција. Потоа, ако цената на акциите на Microsoft се зголеми за 1 долар, состојбата на сметката за таа трговија ќе се зголеми за 100 долари. Секако, тоа е нож со две острици - ако падне за 1 долар, салдото на сметката ќе се намали за 100 долари.
Бидејќи CFD-овите немаат датум на истекување, трговецот може да ја затвори позицијата кога ќе смета дека е соодветно, но ќе мора да плати такса за ноќевање (overnight fee) за секоја ноќ што позицијата останува отворена.
» Се трудите да ги разберете сите движењата на пазарот? Погледнете ја нашата неделна анализа на пазарот за да стекнете аналитички сознанија.
Дефинирање на тргување со фјучерси
За разлика од CFD-овите, фјучерсите се вид на финансиски договор што го обврзува имателот да купи или продаде средство по однапред одредена цена на одреден датум во иднина. Како деривативен производ, фјучерсите се малку посложени од CFD-овите, бидејќи бараат да се знаат повеќе детали за средството за да се оствари позицијата.
Пример за тргување со фјучерси
Да речеме дека цената на акциите на Мајкрософт се тргува по 250 долари од акција, а трговецот склучува фјучерс договор со датум на истекување во декември со потпора (левериџ) од 1:50. Ако акциите на Microsoft се тргуваат со 255 долари по акција во декември, трговецот ќе заврши со добивка од 50 X 5 = 250 долари (50 поради потпора и 5 долари во промената на цената).
Од друга страна, ако цената на акцијата се спушти на 245 долари кога ќе истече, трговецот ќе претрпи загуба од 250 долари.
» Развијте ги вашите вештини за тргување: Погледнете ги нашите курсеви за тргување за почетници како и курсевите за напредни трговци.
5 главни разлики помеѓу CFD и фјучерси
Класи на средства
Првата голема разлика помеѓу CFD-овите и фјучерси е опсегот на класи на средства што тие можат да се користат за тргување. Фјучерс договорите најчесто се користат за тргување со стоки и материјали како нафта, злато или природен гас.
Од друга страна, CFD-овите може да се користат за тргување со многу поширок опсег на пазари, вклучително и forex парови (странски валути), акции, индекси и метали.
Наплати
Кога се тргува со фјучерси, трговецот треба да плати провизија што ја наплаќа брокерот за секоја позиција. Нормално, големината на провизијата зависи од брокерот, но обично е неколку центи по отворена позиција.
Од друга страна, кога станува збор за CFD, трошоците се вградени во spread-от (или распонот). Имено, распонот е разликата помеѓу куповната и продажната цена на средството, и најчесто се процесира од страна на брокерот како скриена провизија. Фјучерс договорите исто така имаат распон, но тие се значително пониски од оние на CFD.
Датуми на истекување
Како што веќе споменавме, фјучерсите имаат конкретен датум на истекување, што значи дека позицијата треба да се затвори пред или кога ќе истече договорот (т.е. кога ќе се разменат средствата). Сепак, во многу случаи, фјучерс договорите може да се продолжат во текот на следниот период на договор, така што позицијата не мора да исчезне по истекот.
Спротивно на тоа, CFD-овите немаат датум на истекување, така што позицијата може да се чува отворена онолку долго колку што сака трговецот.
Периоди на одржување
Фјучерс договорите се чуваат додека не истечат, додека CFD може да се затворат во секое време.
Сепак, треба да се запамти дека CFD позициите имаат такса за ноќевање, која се наплаќа еднаш дневно за секој ден што ја држите позицијата. Поради ова, поголемиот дел од искусни трговци со акции не би препорачале предолго задржување на позицијата CFD, бидејќи тоа може брзо да го исцрпи вашиот профит. Ова значи дека, како почетник, не е препорачано да држите позиција CFD повеќе од една недела.
Сопственост на средства
Исто така, важно е да се спомене дека трговците со CFD всушност не ги поседуваат средствата кои ги тргуваат. Всушност, тие само шпекулираат за движењето на истите.
Од друга страна, трговците со фјучерси го поседуваат средството во случај на физичко порамнување. Ова е важно да се има на ум во зависност од како планирате да ги користите фјучерс договорите.
Што треба да изберете?
CFD и фјучерси се деривативни производи што може да се користат за шпекулирање за движењето на цените на различни класи на стоки и средства. Сепак, постојат некои клучни разлики меѓу нив, како што се опсегот на класи на средства со кои може да се тргува, вклучените трошоци и начинот на којшто тие се подмируваат. Важно е да ги разберете овие разлики и да научите за ризиците од секој пристап, што ќе ви овозможи да развиете сигурна стратегија за ублажување на ризикот и зголемување на профитот.
Како почетник, краткорочното тргување со CFD може да биде подобар избор, бидејќи позициите може да се затворат во секое време, што ви дава шанса да реагирате во случај да почнете да губите повеќе отколку што сте планирале. Од друга страна, фјучерсите немаат провизии преку ноќ и најчесто се подобри на долг рок. Сепак, и двата пристапи имаат свои предности и недостатоци, а со правилно управување на ризикот, ќе можете да развиете солидна стратегија за тргување.
» Подготвени сте да започнете со тргување? Дознајте повеќе за отворање на профил со Fortrade.