Големи и Мали Валутни Парови: Кои Се Разликите Помеѓу Нив?
Ажурирано 10, мај, 2024.
Тргувањето со девизи е популарна форма на заработка, во која трговците купуваат и продаваат фиат валути на светските менувачници. Идејата за валутен пар е клучен концепт во ваквата трговија, и се однесува на секој пар од две валути кои се тргуваат една наспроти друга.
Почетниците во тргување со девизи најчесто не знаат на кои валутни парови треба да се фокусираат бидејќи го немаат потребно знаење и искуство да носат правилни одлуки. Фактот дека постојат огромен број на валутни парови ги прави почетоците во тргувањето уште покомплексни и трговците треба да ја искористат секоја можна помош која им се пружа да се надоградат што е можно побрзо.
Затоа, во денешната статија, ќе ја разложиме разликата помеѓу главните валутни парови (исто така познати како големи парови - major pairs) и помалите валутни парови (minor pairs) и ќе ви помогнеме да одлучите кои се соодветни за вас и вашиот стил на делување.
» Прочитајте повеќе за главните, малите и егзотичните валутни парови.
Главни валутни парови
Валутните парови во кои се тргува Американскиот долар се нарекуваат главни валутни парови. Бидејќи Американскиот долар е најтргуваната валута на светот, овие парови се неверојатно популарни и ликвидни.
Трговците кои штотуку почнуваат со Forex, најчесто се фокусираат на главните валутни парови, бидејќи тие имаат тенденција да бидат најпредвидливи и имаат релативно ниски распони.
Имено, светот на forex тргувањето препознава листа од седум валутни парови познати како „главни парови“. Тоа се:
- EUR/USD - евра наспроти Американски долари.
- USD/JPY - Американски долари наспроти Јапонски јени.
- GBP/USD - Британски фунти наспроти Американски долари.
- USD/CHF - Американски долари наспроти Швајцарски франци.
- AUD/USD - Австралиски долари наспроти Американски долари.
- USD/CAD - Американски долари наспроти Канадски долари.
- NZD/USD - Нов Зеландски долари наспроти Американски долари.
Мали валутни парови
Познати и под името “вкрстени,” малите валутни парови се оние парови во кои се тргуваат било кои две големи валути, исклучувајќи го Американскиот долар. За разлика од главните валутни парови, помалите валутни парови се составени од главна валута и помалку популарна или помалку ликвидна валута.
Токму поради ова, помалите валутни парови се прилично понестабилни од главните, но во исто време, нивните распони често знаат да бидат пошироки.
Еве неколку мали валутни парови со кои често се тргува:
- EUR/GBP - евра наспроти Британски фунти.
- AUD/JPY - Австралиски долари наспроти Јапонски јени.
- GBP/JPY - Британски фунти наспроти Јапонски јени.
- EUR/CHF - евра наспроти Швајцарски франци.
Помалите валутни парови на трговците им ја нудат можноста да ги диверзифицираат своите портфолија и да ги искористат предноста на тргување со различни пазарни услови во различни земји.
Од друга страна, тие можат да бидат и поризични од главните валутни парови, поради нивната помала ликвидност и пошироки распони.
Главни наспроти и мали валутни парови
Како што веројатно може да претпоставите, постојат некои значајни разлики помеѓу тргувањето со главните и помалите валутни парови. Ајде да ги надминеме и нив.
Ликвидност
Ликвидноста е тековниот износ на готовина во одреден валутен пар и се покажува на тоа колку е лесно тој валутен пар да се купи и продаде на пазарот. Бидејќи главните парови вклучуваат тргување со Aмериканскиот долар и валутите на другите големи земји, тие имаат тенденција да бидат поликвидни.
Со други зборови, на трговците им е полесно да влегуваат и излегуваат од позиции на тргување со овие парови.
На пример, ако сакате да тргувате со парот EUR/USD, ќе можете да го направите тоа многу побрзо отколку ако тргувате со парот AUD/NZD, поради поголемата ликвидност од EUR/USD.
Распони
Без разлика дали имате тргувано или не, некогаш во живото имате менувано девизи и имате забележано дека нивната куповна и продажна цена на никогаш не е идентична. Оваа разлика, во трговскиот свет, е позната како распон (spread).
Имено, главните валутни парови имаат тенденција да имаат многу построги распони од помалите парови, што може да ги направи помалку ризични, но и помалку профитабилни.
На пример, парот EUR/USD вообичаено има распон од околу 0,2 пипа, (1 pip = 0,0001) , што значи дека ако го купите парот, ќе платите 0,2 pips повеќе отколку ако треба да го продадете.
За споредба, помалку ликвиден пар како GBP/NZD може да има распон од 20 пипа или повеќе, што може да го направи многу поризичен за тргување, но и потенцијално попрофитабилен.
Нестабилност
Нестабилноста е мерка за тоа колку се менува цената на валутен пар со текот на времето. Во некои случаи, цената на валутен пар може да биде многу нестабилна, што значи дека се движи брзо и непредвидливо. Обично, главните валутни парови имаат многу помала нестабилност на пазарот од помалите, што може да ги направи попредвидливи и полесни за тргување.
На пример, парот EUR/USD е обично многу постабилен од парот GBP/NZD. Од друга страна, помалите валутни парови им нудат на трговците шанса да ги искористат предностите од поголеми движења на цените, кои резулитраат со потенцијал за поголеми профити.
Ризик
Важно е да се запамети дека како и секое тргување на пазарот, така и тргувањето со девизен курс вклучува ризик. Бидејќи секој вид на валутни парови носи различни нивоа на ризик, секој трговец треба сам да одлучи со каков вид на парови сака да тргува, т.е колкав ризик сака да прифати во тргувањето.
Како што споменавме, главните валутни парови често се побезбеден избор, бидејќи тие имаат тенденција да бидат многу попредвидливи и имаат релативно ниски распони. Од друга страна, малите валутни парови на трговците им ја нудат можноста да ги диверзифицираат своите портфолија, но и да ја искористат предностита на различните пазарни услови, во различни земји.
Тргување со главни и помали валутни парови
Во зависност од тоа каков пристап за тргување со девизен курс сакате да изберете, некои валутни парови може да бидат посоодветни за вас од другите. Како општо правило, главните валутни парови се најпогодни за краткорочни или дневни трговци поради нивните релативно ниски распони и високата ликвидност.
Од друга страна, помалите валутни парови можат да бидат добра опција за долгорочните трговци или за оние кои сакаат да ги диверзифицираат своите портфолија. Бидејќи, овие парови имаат пошироки распони и помала ликвидност, краткорочните трговци потешко можат да остварат профити со нив.
Како и да е, без разлика за какви парови ќе се одлучите некои работи остануваат исти. Морате да направите правилна проценка на условите на пазарот, да ги разберете ризиците кои се вклучени во тргувањето и да имате добро поставен стратешки план. Само така ќе можете значително да ги намалите ризиците поврзани со тргувањето и да бидете сигурни дека донесувате информирани одлуки.
Заклучоци
Изборот дали да се тргува со големи или помали валутни парови секогаш зависи од трговецот. Сепак, важно е да се запамети дека различни парови доаѓаат со различни нивоа на ризик.
Што и да одлучите, важно е добро да го разбирате пазарот, да скроите стратегија за управување со ризик, и да развиете соодветен план за тргување. Ако одвоите време за истражување, подготовка и разбирање на валутните парови со кои тргувате, можете драстично да си ги зголемите вашите шанси за успех.
» Сакате да тргувате без ризик? Дознајте повеќе за отворање демо account со Fortrade.