Инвестирање во Земјоделски Стоки Со CFD: Што Треба Да Знате
Ажурирано 12, февруари, 2024.
Во последните неколку години, земјоделски стоки се претворија во едни од највозбуливите средства за тргување на пазарот. Без разлика дали се работи за пченка или соја, обемот на информации кој може да се прочешла и анализира е огромен, па затоа и тргувањето со земјоделски стоки е и толку атрактивно.
Договорите за разлики CFD (contracts for difference) се одличен метод за запознавање со трговијата со земјоделски стоки. Секако овој метод бара осмислување на соодветна стратегија за тргување. Отварање на позиции, управување со нив, па се до затворање на позиции, но и минимизирање на ризикот од загуби се главните елементи на креирање на успешна стратегија.
Иако овој метод може да биде многу ефикасен, тоа не значи дека треба да се опуштите кога работите со CFD. Клучно е да примените функционална стратегија која вклучува различни фактори, вклучително и толеранција на ризик, капитал, преферирани методи и лично искуство.
CFD Тргување и Земјоделски Стоки
Тргувањето со CFD им овозможува на трговците да се обложуваат на идните пазарни движења на основните средства без притоа да го поседуваат средството или да преземат физичка сопственост на истото.
Најпросто кажано, CFD се договори помеѓу инвеститорите и финансиските институции при што првите усвојуваат позиција што ја плаќа разликата во порамнувањето помеѓу отворените и затворачките тргувања. Едноставно ја следите цената на реалните средства, што го олеснува тргувањето со хартијата од вредност, завршувањето на трговијата и преземање на кратка или долга позиција.
Со други зборови, ако чекате Американското Министерство за земјоделство (USDA) да го објави својот најнов извештај за жито и очекувате нивото на залихи да биде повисоко од предвиденото, ќе шпекулирате дека цената на договорот за првиот месец за пченка или пченица ќе падне (заземате кратка позиција).
Но и покрај нивната едноставност, CFD-овите можат да бидат ризични како и секоја друга инвестициска алатка. Нивниот најголем проблем е можноста за проблеми со ликвидноста и закана од постојано одржување на доволно нивоа на маржа поради загубите со финансиска поткрепа. Па токму и затоа, развивањето на солидна стратегија има толку исклучителна важност.
Кои се Најдобрите Земјоделски Производи за Трговија?
- Кафе: Уште од пандемијата на коронавирус, кафето важи за многу нестабилна земјоделска стока, особено со производствените предизвици кои произлегуваат на повеќе пазари.
- Пченка: Пченката привлекува големо внимание и лесно се тргува врз основа на големиот обем на тргување.
- Соја: Пазарот на соја е еден од најликвидните аспекти на пазарот на земјоделски стоки.
Како да Инвестирате во Земјоделски Производи со CFD?
1. Најдете CFD Брокер и Отворете Trading Профил
Како и секоја друга одлука која треба да ја донесете како потрошувач, без разлика дали сте на пазарот за авто-финансирање или нова хипотека, најважно е да истражите детално пред да изберете CFD брокер и да отворите account.
Додека истражувате обрнете внимание на тоа колку долго брокерската фирма е отворена, какви трошоци може да очекувате од неа, какви account minimums ви се нудат, и други слични детали.
2. Изберете Земјоделски Стоки во кои би Сакале да Инвестирате
Иако бројот на земјоделски стоки со кои би можеле да тргувате понуден од платформите online е ограничен, важно е да се фокусирате единствено на една или две земјоделски производи наместо да тргувате на целиот пазар.
Исто така, треба да имате одредено искуство со производот кој ќе го одберете, или во најмала рака, да поседувате доволно знаење за тоа кои фактори можат да му влијаат (геополитика, економија, извештаи од индустријата, временски услови и други компоненти).
3. Купете го Производот
Време е да го притиснете копчето “Buy“. Сега, веќе и официјално се занимавате со земјоделска стока. Тоа значи дека ќе треба да ја следите ситуацијата бидејќи може да биде прилично променлива, без разлика дали се работи за секојдневна анализа на насловите или детално проучување на графиконите.
Покрај тоа, би било добро да разговарате со професионалец за инвестиции за да потврдите со какви даночни импликации би можеле да се соочите.
Дали Земјоделските Производи се Добра Инвестиција?
Тргувањето со земјоделски производи не е идеална стратегија за трговците што бараат долгорочно средство за инвестирање. Подобро е да купувате акции што плаќаат дивиденда или индексни фондови ако сакате да држите нешто подолго од пет, десет или 20 години.
Меѓутоа, купувањето и продавањето на земјоделски стоки нуди голем број на можности, ако тоа го правите за дневно тргување или за тргување со нишалка. Што значи дека ова не е трговија која одговара на пасивни инвеститори.
Инвестирањето во земјоделски производи бара да бидете активни бидејќи широк спектар на секојдневни случувања би можеле да влијаат на цената. Од политички пресврт во Јужна Америка до пониски температури во рамнините на САД, итн.
» Изградете разновидно портфолио: тргувајте со земјоделски стоки со Fortrade.