ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 75% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 67% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Исчекувачки Позиции Во Forex: 4 Типа и Како Тие Функционираат

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 27, март, 2023.

Man in front of a laptop, pointing towards the camera where graphs are displayed

Forex пазарот е еден од најликвиднити пазари во финансискиот свет, при што трговците секојдневно извршуваат позиции во вредност од приближно 2 трилиони американски долари. Во последните неколку години, forex пазарот се претвори во популарен трговски потфат за трговците почетници, што значи дека учењето на основните термини за тргувањето со девизен курс (forex) е поважно од било кога досега.

Тогаш, кои се исчекувачки позиции, и колку видови има?

Што се исчекувачки позиции?

Во тргувањето со девизен курс, позиција што чека е претходно-нарачана позиција која ќе се изврши во моментот кога одреден валутен пар ќе биде над или под некоја цена.

На пример, ако тргувате со валутен пар USD/CAD и сакате да излезете од вашата позиција по одредена цена од 1,2899 долари, ќе поставите лимит за продажбата на вашата позиција.

Ова го прави процесот на тргување многу подетален и лесен отколку да седите пред вашиот компјутер и да ја чекате вашата целна цена секој момент. Плус, за време на некои трговски сесии, ќе забележите дека нестабилноста на пазарот може да биде огромна, и движењата можат да бидат прилично големи. Сè зависи од тоа што тргувате и кога учествувате на пазарот на девизен курс. Брзите движења на пазарот можат да бидат или позитивни или негативни, во зависност од тоа како тргувате.

» Сакате да дознаете повеќе за валутни парови на forex? Погледнете ги нашите упатства за почетници

4 Видови на исчекувачки позиции

Постојат четири типа исчекувачки позиции при тргување со валутни парови. Секој од овој тип позиции извршува одредена функција и ќе служи за различна цел, без разлика дали купувате или продавате валутни парови на пазарот. Овие позиции можат да го направат вашето тргување на девизен курс многу попрофитабилно, особено кога не сакате активно да тргувате секој ден.

Еве четири типа на исчекувачки позиции:

1. Лимит при купување

Лимит при купување е позиција која се заснова на купување средство кога е на или под одредена цена. Оваа функција им овозможува на трговците точно да ја контролираат цената на позицијата што ја внесуваат, наместо да треба да ја купуваат позицијата на повисока цена.

2. Стоп при купување

Стоп при купување е тип на позиција што резултира во тоа да трговецот купи валутен пар кога ќе достигне однапред одредена цена, која е обично над моменталната пазарна цена.

Можеби изгледа како контраинтуитивен механизам - зошто би сакале да купувате по цена повисока од онаа што ја прикажува пазарот? Сепак. треба да се запомни дека целта е да се искористи нагорното движење на цената на средството. Исто така, позициите за стоп при купување може да се користат за заштита од големи загуби на непокриените позиции.

3. Лимит при продавање

Позициите што лимитраат продавање им овозможуваат на трговците да го продадат средството на одредена цена - или повисока. Ова се користи за трговци кои имаат на ум конкретна цена и сакаат да затворат позиција што му овозможува на трговецот да преземе потенцијална добивка или да ги ограничи загубите.

4. Стоп при продавање

Позицијата за стопирање на продажба е уште еден вид позиција која се исчекува. Една голема разлика помеѓу овој тип на позиција и другите е тоа што може да има разлика од извршената позиција до нарачката, што значи дека може да има и лизгање - слипиџ (односно разлика во очекуваната цена и вистинската цена што ја добивате при извршувањето на позицијата).

» Сакате да го проширите вашето знаење за тргување? Погледнете ги нашите почетнички и напредни курсеви за тргување

Заклучок

Светот на forex тргување е многу брз, без разлика дали работите со големи валутни парови (EUR/USD и GBP/JPY) или егзотични (EUR/TRY или USD/NOK). Поради брзото движење на насаните на овој пазар, многу трговци се одлучуваат да користат исчекувачки нарачки, бидејќи тие можат да служат за различни цели, од купување до продавање.

Наместо да ги чекате најдобрите цени, можете да го направите целиот процес многу полесен и поефикасен со позиции кои "чекаат наместо вас", бидејќи тие може да ви помогнат да ги добиете точно посакуваните цени и драстично да си ги намалите загубите.

» Подготвени сте да го искористите вашето знаење за тргување? Дознајте повеќе за отворање на профил со Fortrade