ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 75% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 67% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Како Да Тргувате CFD Од Сурова Нафта Како Почетник: 4 Увиди

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 9, јануари, 2024.

A woman holding a phone and looking at a chart, with a computer in the background.

Цената на суровата нафта се движеше доста диво и нагло во изминатите неколку години, од под 20 долари во раните денови на пандемијата на коронавирус во 2020 до дури 130 долари во 2021. За првпат трговците-почетници како и ветераните почнаа да гледаат добра прилика во тргувањето со сурова нафта, особено од перспектива на договор за разлики (CFDs или contracts for difference).

Тргувањето со сурова нафта стана многу популарно примарно порадни три причини: таа е многу ликвидна, погодна е и за краткорочно и за долгорочно тргување, а повеќето движења се засноваат на трендови и модели кои произлегуваат од големите настани. Тука спаѓаат случувања на геополитичката сцена, ОПЕК, податоци за EIA, како и моменталната јавна политика.




Што треба да знаете за CFD за сурова нафта

Првото нешто што секој трговец треба да го знае е дека CFD-овите за сурова нафта обично бараат од трговците да користат левериџ или маржа, па кога ќе отворат позиција, тие треба само да стават мала сума од целосната трговска вредност.

Ова може да биде доста поволна стратегија, примарно затоа што на трговците им нуди голема изложеност на енергетската стока, но и заради огромната можност за високи потенцијални профити. Меѓутоа, како и секоја друга форма на тргување со левериџ и ниски бариери за влез, постои ризик од губење пари бидејќи тргувањето со CFD се заснова на облик на долг.

Исто така, вреди да се спомне дека цените на различните типови на сурова нафта може да бидат прилично нестабилни. Два од трите главни глобални одредници се West Texas Intermediate (WTI) и Brent нафта. Првиот е со седиште во САД, а вториот е примарно користен во Европа.

Цела низа факти може да влијаат на цената на WTI и Brent CFD: воени конфликти во клучните области производители, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), неделните извештаи за складирање, нивоата на производство во САД и обемот на побарувачка од главните земји увозници.



» Дознајте повеќе за тоа како да тргувате CFD со сурова нафта на нестабилен пазар



4 Увиди за тргување со CFD со сурова нафта

1. Изберете тип на нафта - Brent или WTI, или и двете

Кога тргувате со CFD со сурова нафта, важно е да изберете со што ќе тргувањет - дали со WTI, дали со Brent, или и со двата типа. Не треба премногу да навлегувате во другите одредници за нафта, како нафтата во Урал и Дубаи, бидејќи тие имаат мало влијание врз пазарот.

Брент и WTI се важни затоа што со нив се одвива најголемиот дел од дејството на нафтениот пазар, и нивните цени се поподложни на тековните настани и актуелните податоци што можете ги следите. Со други зборови, ќе го гледате истото што го гледаат луѓето на Њујоршката берза и ICE Futures.

» Прочитајте повеќе за Brent Crude vs. WTI Crude и нивните клучни разлики

2. Стратегија за управување со ризик

Како и секое друго трговско дејство, од клучно значење е да се примени стратегија за управување со ризик за да не ја изгубите од вид вашата цел - да заработите профит и да ги заштитите вашите средства од ризици и загуби.

Иако ова може да делува контраинтуитивно, треба да се запамети дека целта на тргувањето не е само генерирање профит - туку и заштита на вашиот капитал од загуби. Покрај тоа, важно е да ги следите овие три увиди за да претпазливост:

  • Никогаш не ризикувајте повеќе отколку што можете да си дозволите да изгубите.
  • Држете се до вашиот план за тргување (ако не функционира по неколку месеци, преиспитајте ја стратегијата).
  • Потпрете се на налозите за земање профит и стопирање загуба кога отворате или затворате позиции.

3. Долгорочни или краткорочни стратегии

Тргувањето со суровата нафта може да се интегрира и во долгорочните и во краткорочните трговски стратегии. Но, постои разлика меѓу нив, без разлика дали користите CFD средства за тргување или не.

Ако купување сурова нафта со CFD, добро е и да размислите за сегашните светски залихи на нафта и гас, и да не се потпирате целосно на вашата веќе-отворена позиција. Од друга страна пак, ако планирате да држите сурова нафта на пократок временски период, тогаш подобро е да се фокусирате на тргување со CFD за истата.

4. Следете ги вестите и анализите на пазарот

Важно е да се биде во тек со најновите вести и анализи на пазарот кога секојдневно инвестирате или тргувате со CFD со сурова нафта.

На пример, секоја среда, американската Администрација за енергетски информации (EIA) ќе го објави својот неделен извештај за складирање, што ќе потврди колку сурова нафта и други нафтени деривати се моментално во залихи. Или, да земеме друг пример за важен геополитички настан - речиси секој месец, ОПЕК одржува состанок во Виена каде што ќе ги процени пазарните услови и ќе донесе одлуки за обемот на производството на нафтата. Овие два настана можат редовно да се користат за профитирање од движењето на цената на нафтата.

Исто така, од витално значење е и да се обрне внимание на овие фактори за целосниот светски енергетски пејзаж.



Забелешка: Fortrade нуди можност за тргување со промените на цените на инструментите со CFD и НЕ за купување/продавање на сопственоста на самиот инструмент



Заклучок

Ако постои една средство со кое секој почетник треба да тргува кога се занимава со CFD, тоа би била сурова нафта.

Сепак, може да се дебатира за тргувањето со Брент против тргувањето со WTI нафта, но без разлика, ова енергетстко средство е доста лесно за инвестирање. Иако за почетници е тешко, како што минува време, ќе почнувате да забележувате се повеќе модели и шаблони, и ќе знаете дали моментално суровата нафта е превише продавана или превише купувана.

Сè на сè, сè додека ги разбирате основите на тргувањето со CFD - и тргувањето воопшто - суровата нафта може да биде едно од средствата за најлесно остварување на профит.

» Подготвени сте да започнете со тргување со CFD на стоки? Откријте како да отворите профит на Fortrade.