ЦФД (CFD) се комплексни инструменти и носат висок ризик од брзо губење пари како резултат на левериџ. 75% од сметките на клиентите-физички лица губат пари кога тргуваат со CFD. Потребно е да размислите околу сфаќањето на начинот на кој функционираат таквите договори и дали може да си дозволите да го преземете високиот ризик од губење на целиот ваш инвестиран капитал. Прочитајте целосно Предупредување за ризик.
CFDs се комплексни инструменти и содржат висок ризик од брзо губење пари поради левериџ. 67% од ритеил инвеститорите губат пари кога тргуваат со CFDs со овој провајдер. Треба да размислите дали можете да си дозволите да преземете висок ризик од губење на вашите пари.

Што Се Вкрстени Валутни Парови и Како Се Тргува Со Нив?

Filip Dimkovski - Writer for Fortrade
Од Filip Dimkovski
Joel Taylor - Editor for Fortrade
Проверено од Joel Taylor

Ажурирано 28, март, 2023.

A candle graph showing rises and falls with a golden euro sign on top of it

Вкрстените валутни парови се основа на тргувањето со девизи и секој почетник трговец треба да е запознаен со нив. Всушност, потребно е суштински да ги разберете за да имате успех при тргувањете на пазарот со девизи. Во овој пост, ќе објасниме што точно се вкрстени валутни парови, и како се тргува со нив.

Тогаш, што се вкрстени валутни парови и зошто се важни? Најпросто кажано, вкрстени валутни парови се било кои две валути кои се тргуваат на пазарот за девизи, со исклучок на Американскиот долар. На пример, парот EUR/GBP (евра/фунти) би се сметал за вкрстена валута.

Имено, постојат два типа на вкрстени валутни парови познати во светот на тргување со девизен курс, а тоа се ситни валутни парови и егзотични валутни парови. И двата типа имаат различни нивоа на ризик според кои се одредуваат стратегиите за тргување.

Сите значајни карактеристики на тргувањето со двата типа на парови ќе бидат објаснети подетално подолу. Исто така, ќе ви покажеме и како да ги искористите овие нивни одлики за да си ја зголемите шансата да остварите профит во тргувањето.

» Нови сте на пазарот? Еве 9 суштински термини за пазарот на девизен курс што треба да ги знаете.

Детално објаснување на вкрстени валутни парови.

Зошто вкрстените валутни парови се толку важни во тргувањето? Кога тргувате на девизниот пазар, секогаш тргувате со две валути одеднаш. Ако разбирате како овие парови се движат еден спрема друг, ќе можете да носите поинформирани одлуки при тргувањето и да ги искористите овие движења на цените на пазарот во ваша корист.

Мали валутни парови

Малите валутни парови се типот на вкрстени валутни парови кој најчесто можете да го сретнете. Овие парови обично вклучуваат евро (EUR), Британска фунта (GBP), Јапонски јен (JPY) и швајцарски франк (CHF).

Овие парови обично се поликвидни од егзотичните валутни парови, што значи дека се тргуваат во голем обем. При висока ликвидност, тргувањето е помалку ризично и нестабилно. Поради ова, малите валутни парови се идеални за почетници кои сакаат да започнат мали и постепено да ги градат своите позиции.

Егзотични валутни парови

Од друга страна, егзотичните валутни парови се поретки од помалите валутни парови и обично вклучуваат две валути од пазарите во развој. Повеќето примери на егзотични валутни парови вклучуваат Мексикански пезос (MXN), Индиска рупија (INR) и Руска рубља (RUB).

За разлика од малите парови, овие парови се попроменливи и изложени на поголеми движења, така што тие можат да бидат поризични од помалите валутни парови. Во исто време, од истата причина, тие можат да понудат одличен потенцијал за профит.

» Дознајте повеќе: Главни, помали и егзотични валутни парови.

Придобивки од тргување со вкрстени валутни парови

Без разлика дали тргувате со ситни или егзотични тргувањето со вкрстени валутни парови има многу предности, вклучувајќи:

  • Пристап до поширок опсег на пазари.
  • Нестабилните пазари нудат потенцијал за поголеми профити.
  • Повеќе опции за диверзификација и заштита од ризик.
  • Пристап до ликвидност која ви дозволува да тргувате непречено.
  • Потенцијал за профит од економски фактори од повеќе земји истовремено.
  • Пониски трансакциски трошоци поради конкурентни распони.

Што треба да земете предвид кога тргувате со вкрстени парови

Кога тргувате со кој било вкрстен пар на девизи, важно е да се запамети основниот концепт на корелација на цените на валутите, а тоа е дека еден валутен пар се движи во спротивна насока од другиот. Типичен пример би биле паровите EUR/USD и USD/JPY. Кога EUR/USD се движи повисоко, USD/JPY обично ќе се движи пониско, и обратно.

Сфаќањето на ваквите корелации може да ви помогне да го балансирате вашето портфолио и подобро да управувате со ризикот кога тргувате со повеќе парови во исто време.

Ризици од користење на левериџ - финансиска потпора

Друга работа што треба да ја имате на ум кога тргувате со вкрстени валутни парови е финансиската потпора - односно левериџ. Некои инвеститори позајмуваат финансиска потпора за да го зголемат капиталот и да имаат поголема трговска моќ при тргувањето.

Предноста на ваквото тргување е очигледна - имањето повисок коефициент на потпора ви овозможува да тргувате со поголем обем. Но во исто време, финансисктата потпора го зголемува вашиот фактор на ризик бидејќи ќе треба да ги вратите изгубените пари ако вашате инвестиција е неуспешна.

Финансиската потпора обично се претставува во сооднос 1:X, каде што X ја претставува вашата куповна моќ за секој 1 долар на вашата сметка. На пример, потпора 1:10 ви овозможува да тргувате со 10 долари за секој 1 долар на вашата сметка.

Сепак, бидејќи користењето на потпора може да биде доста ризично, потербно е да ја истражите темата темелно и да го пронајдете најсоодветниот сооднос на потпора што работи за вас и вашиот стил на тргување.

Ризици поврзани со ликвидност

Кога зборуваме за ризици мора да ја споменеме ликвидноста, или нејзиниот недостаток, ко може да биде вистинска проблем кога се тргува со девизи. Бидејќи вкрстените валутни парови не се ни приближно популарни или ликвидни како главните парови, може да се соочите со одредени потешкотии кога станува збор за наоѓање купувач или продавач.

Затоа е важно секогаш да ја проверувате ликвидноста на кој било пар за кој размислувате да го тргувате и да бидете сигурни дека имате соодветен капитал за покривање на потенцијалните загуби.

За крај, од огромно значење е да се разберат основите зад секој валутен пар и добро да ги разбирате макроекономските фактори кои можат да влијаат на пазарите. Познавањето на овие теми ќе ви помогне да донесувате информирани одлуки при тргувањето и ќе ви овозможи подобро да носите одлуки за тоа кога да влезете или да излезете од одредени позиции.

» Ви треба повеќе помош? Погледнете ги нашите е-книги за тргување и видео упатства.

Заклучок

Паровите меѓу валутите им нудат на трговците уникатна можност да ги диверзифицираат своите портфолија и да ги искористат различните економски услови во различни земји. Сепак, важно е да се биде свесен за ризиците кои се вклучени при тргување со вкрстени парови и да се биде свесен за проблемите со ликвидноста што може да се појават.

Ако разбирате како овие парови функционираат, редовно ги истражувате државните економии и правилно управувате со финансиска потпора, тргувањето со вкрстени валутни парови може да ви овозможи да го зголемите потенцијалот за профит.

» Подготвени сте да започнете со тргување? Дознајте повеќе за отворање account со Fortrade.