Што Значи Rollover При Тргување со CFD?
Ажурирано 8, август, 2023.
Во светот на финансиите, терминот rollover (или превртување), обично се однесува на процесот на продолжување на датумот на доспевање на заем или кредит, што доведува до зголемени такси и трошоци.
Се разбира, употребата на терминот rollover не е ограничена само на заеми, и може да се користи и во договори, трансфери на средства и отплати. Терминот е исто така доста популарен во просторот за тргување, па ајде да го разгледаме и да видиме што значат rollover-ите или превртувањата за CFD.
Што е CFD Rollover?
Едноставно кажано, CFD rollover е процес на продолжување на датумот на истекување на договорот за разлика (CFD). Со други зборови, се однесува на можноста да ги „превртите“ вашите тековни позиции и да ги оставите за следниот ден а со тоа да го избегнете нивното истекување.
Кога станува збор за rollover-и морате да запамтите дека во зависност од вашиот брокер, овој процес најчесто инволвира дополнителни трошоци.
На пример, замислете дека сте отвориле долга позиција со вашиот CFD брокер на акциите на Tesla (TSLA), предвидувајќи дека цената на акциите ќе се зголеми. По отворањето на позицијата, договорот стандардно треба да истече штом ќе заврши работниот ден и ќе започне следниот.
Меѓутоа, со rollover, во суштина можете да го заобиколите датумот на кој договорот е поставен да истече и со плаќање мала надокнада, ефективно да ја продолжите вашата долга позиција на TSLA до следниот работен ден.
» Научете како да избегнете прекумерно тргување на пазарот на CFD.
Дали превртувањата влијаат на капиталот на трговецот?
Бидејќи rollover-ите обично инволвираат некоја форма на интерес, трошокот за превртување на позиција може да има ефект врз вашиот вкупен капитал. Особено кога оставате отворени позиции на подолг временски период во текот на ноќта, превртувањето може да доведе до огромни камати наплатени од вашиот брокер.
Затоа, кога се тргува со CFD важно е да се земат предвид трошоците за превртување кога се проценува севкупниот ризик. Дополнително, важно е да се запамети дека таквите трошоци може брзо да се акумулираат со што можете да го намалите вашиот потенцијален профит на долг рок, доколку не сте претпазливи.
Пример за превртување на пазарот
Во прилог на примерот TSLA што го споменавме погоре, ајде да погледнеме и еден попрецизен пример за подобро да разбереме како функционира превртувањето во пракса.
Во овој пример, да речеме дека денес со вашиот CFD брокер сте отвориле кратка позиција на берзанскиот индекс NASDAQ. Ваквиот тип на договор вообичаено истекува преку ноќ и притоа позицијата ќе мора да ја затворите рачно.
Меѓутоа, ако направите rollover на позицијата, тогаш вашиот брокер автоматски ќе го продолжи договорот до датумот на превртување (т.е. следниот ден на тргување) со што ќе добиете повеќе време да донесете одлука и потенцијално ги искористите промените во условите на пазарот.
Вреди да се спомене дека стапките на превртување се прилично ниски (речиси секогаш под 1%), но нивниот износ може да се собере ако ги користите подолг временски период.
» Ви треба повеќе помош со CFD тргувањето? Погледнете ги нашите курсеви за тргување за почетници и напредни трговци.
Како CFD Rollover влијае на трговците на Forex?
За трговците кои тргуваат со CFD на парови на forex, превртувањето може да биде корисно од две причини:
- Прво, кога позицијата се превртува, тоа може да резултира со зголемување на капиталот на трговецот поради каматната стапка поврзана со нивниот конкретен валутен пар.
- Второ, превртувањето може да биде неверојатно корисно ако верувате дека сте отвориле добар trade, но сè уште немате намера да го затворите.
Да речеме дека сте отвориле долга позиција на девизниот пар EUR/USD и сте поставиле цел да заработите 20% профит на овој конкретен trade. Позицијата сте ја отвориле денес, и пред да завршат часовите за тргување, забележувате дека имате само 7% профит.
Правите техничка анализа која ви укажува дека добивката од 20% не само што е реална, туку е и доста веројатна, па ја префрлате позицијата за утре. Се разбира, ќе треба да платите мала надокнада за rollover-от, но тоа е многу подобра варијанта отколку да се задоволите со помалку од 50% од профитот кој можете да го остварите.
» Тргувајте преку најмодерните платформи! Дознајте како да отворите сметка на Fortrade
Дали rollover-ите се добра алатка?
CFD rollover-ите можат да бидат неверојатно корисна алатка за трговците, која им овозможува да го продолжат датумот на истекување на нивните договори и потенцијално да си го зголемат профитот.
Сепак, важно е да се запамети дека има дополнителни трошоци поврзани со овој процес кои може брзо да се акумулираат ако не ги користите rollover-ите внимателно. Затоа, секогаш да земајте ги предвид трошоците за превртување пред да одлучите дали тоа е вистинскиот избор за вас.
Дополнително, секогаш е добра идеја темелно да истражите и да бидете сигурни дека солидно ги разбирате потребните пресметки поврзани со превртувањата и како тие функционираат пред да преземете било какви позиции.
» Подготвени да започнете? Проверете ги стапките за rollover на Fortrade.