Најчесто поставувани прашања
Тргување со валути (или девизно тргување) вклучува истовремено “купување” на една валута и “продажба” на другата за да се добие профит од очекуваното движење на конверзијата. Глобалниот девизен пазар е најголем и најликвиден во светот каде што се тргува целодневно. Учесниците на пазарот ги вклучуваат банките, корпорациите и другите организации со цел меѓународно тргување и намалување на ризикот, како и трговците, или шпекулантите, кои се обидуваат да заработат пари од движењата на цените.
Договорите за разллики (CFD) нудат можност да се оствари изложеност на очекуваните движења на цените врз дадените деривати, како што се валутите, суровините, акциите или индексите. CFD се финансиски деривати со левериџ кои нудат голема изложеност на дадениот дериват за мали трошоци. За време на тргувањето со CFD на Fortrade, не купувате (или продавате) одреден дериват, туку наместо тоа отварате “долга” (куповна) или “кратка” (проджна) позиција на самата цена на дериватот.
CFD нудат многу предности во однос на другите алтернативи, вклучувајќи ја и изложеноста преку левериџ, нудејќи потенцијално голема добивка за минимален трошок, целодневно тргување и лесен и брз пристап до пазарот.
Fortrade нуди широк асортиман на финансиски инструменти: валутни парови, акции, индекси, енергетски производи, благородни метали, американски обврзници и останато.
Обратете се на својот претставник на техничка поддршка (или преку електронска пошта на [email protected]) да би дознале повеќе за ECN понудата на Fortrade.
Кликнете овде за ECN условите на тргување на Fortrade.
CFD е скратено од ‘Contract for Difference’(Договори за разлики), каде ‘разликата’ е всушност помеѓу поените при отварањето и затворањето на Вашето тргување.
Fortrade создава CFD врз основа на моменталните пазарни можности кои овозможуваат тргување со поместување на цената на релевантните финансиски средства. Ние нудиме CFD на широк спектар на глобални пазари и нашите CFD инструменти вклучуваат акции, државни обврзници, валутни парови, суровини и берзански индекси, како што е UK 100, коj ги групира ценовните движења на сите акции наведени на FTSE 100.
Договорот, исто така, ќе има “куповна” и “продажна” цена и ќе имате можност да одберете дали да “купите”, познато како “Оди долго” или “продај”, познато како “оди кратко”. Важно е да се запамети дека тргувате со CFD договори, а не физички на конкретниот пазар. Во исто време, CFD се многу флексибилен производ кој Ви дава можност да користите стопирање на загубата и ограничувања. Исто така, потребно е високо ниво на управување со ризици користејќи налози за ЗАБРАНА.
CFD користат левериџи и маргини. Тоа значи дека треба да извршите само мала уплата за многу поголема изложеност на пазарот. Тоа се вика ‘тргување на маргина’. Треба да платите само мал процент од целиот износ на тргување за да отворите позиција.
Иако маргината на тргување ви овозможува да Ви се зголеми профитот, загубите, исто така, ќе се зголемaт. Левериџот носи значителни ризици. Иако Вашиот инвестициски капитал може да оди подалеку, ако пазарите се движат во спротивна насока од вашето тргување, ќе бидете во загуба. Можете да загубите се, но не повеќе од балансот на Вашата сметка за тргување.
Кратка продажба на CFD на пазарот на опаѓање
Тргувањето со CFD ви овозможува продажба (кратка) на инструменти, доколку верувате дека вредноста ќе им опаѓа, со цел заработка од предвиденото намалување на цените. Ако Вашето предвидување се покаже како исправно, можете повторно да го купите инструментот по пониската цена за да остварите заработка. Доколку не сте во право и вредноста порасне, ќе бидете во загуба.
Со цел да се обезбеди да се покријат сите загуби што може да се појават на вашите позиции, Fortrade бара доволен залог. Залогот, воглавно ,е наречен маргина. Достапната маргина на вашата сметка ќе ја ограничи големината на позициите што можете да ги отворите.
Терминот левериџ (потпора) често се користи за да се опишат барањата за маргината. На пример, левериџ од 50:1 одговара на барањето на маргината од 2% (1 поделено со 50 e 0,02 или 2%). 2% од бараната маргина значи дека ако сакате да отворите нова позиција, мора да имате 2% од износот на таа позиција, достапнo како маргина.
На пример: Ако капиталот на клиентот моментално изнесува 1 000 GBP и тој одлучи да отвори куповна позиција од 100 000 GBP/USD, што би значело дека е понуден левериџ од 1:100; која го одразува барањето на маргината од 1%.
Во тој случај, клиентот мора да има капитал од најмалку 1% од 100 000 GBP (1 000 GBP) како би можел да ја отвори таа позиција – доколку ја има таа сума, тргувањето ќе биде успешно отворено.
Во случај ако клиентот има помал капитал од 1 000 GBP додека се обидува да ја отвори истата позиција, трансакцијата нема да може да се отвори, односно ќе биде неуспешна.
Fortrade бара одредена маргина која мора да биде расположлива на Вашата сметка за секое тргување во кое учествувате.
Овде можете да ја видите листата за стапката на маргините на Fortrade: Детали за производи со кои се тргува.
Треба да одржувате доволно маргини на Вашата сметка за да можете да ги поддржите Вашите отворени позиции. Вие сте одговорни за следење на Вашата сметка за да спречите затварање на маргините.
Затварањето на маргините ќе се активира под следните околности:
Кога капиталот ќе падне на половина или повеќе од половина од маргините што се користат. Платформата Fortrade ќе се обиде да ги предупреди корисниците кои се пријавени на платформата Fortrade користејќи маргинален повик.
Кога капиталот паѓа под 50% од маргините што се користат, платформата Fortrade автоматски ќе ги ликвидира сите отворени позиции одеднаш.
Обратете внимание: на брзодвижечките пазари, може да има многу малку време помеѓу предупредувањето и ликвидирањето, или воопшто да нема доволно време за предупредување.
Ако тргувањето не е достапно за одредени отворени позиции, за време на затварањето на маргините, овие позиции ќе останат отворени, а платформата Fortrade ќе продолжи да ги следи вашите маргинални барања. Кога пазарите повторно ќе се отворат, за преостанатите отворени позиции може да се појави повторно затварање на маргините, доколку на Вашата сметка нема доволно средства.
За повеќе информации за правилата за маргината на тргувањето на Fortrade, контактирајте ја нашата поддршка за корисници на [email protected].
Кога цената на акциите на одредена компанија се зголемува до невообичаени нивоа, една од опциите е да се раситнат акциите со што ќе се намали цената на поединечните акции, правејќи ги подостапни, преку зголемување на вкупниот број на акции. Важно е да се напомене дека оваа утврдена практика во никој случај не влијае на основната вредност на компанијата.
Пример:
Од различни причини, одредена компанија може да реши да изврши обратно раситнување на акциите, зголемувајќи ја цената на секоја поединечна акција преку консолидација на вкупниот број на акции. Важно е да се напомене дека оваа утврдена практика во никој случај не влијае на основната вредност на компанијата.
Пример:
Ако акција која е во основата на Fortrade акција, се раситнува/обратно раситнува, Fortrade ќе испрати е-порака наведувајќи го следново:
Името на компанијата и акциите, видот на раситнување и денот на кој раситнувањето стапува на сила.
Сите ОТВОРЕНИ ЦФД налози врз кои влијае раситнувањето ќе бидат:
Името на компанијата и акциите, видот на раситнување и денот на кој раситнувањето стапува на сила.
Сите ОТВОРЕНИ ЦФД налози врз кои влијае раситнувањето ќе бидат: