Извештајот после затворање на тргувањето е извештај кој компанијата го објавува откако ќе отпочне секундарното тргување со нејзините акции на берзата. Пред започнувањето на секундарното тргување на финансискиот пазар, финансиските институции ја анализираат вредноста на компанијата. Откако ќе се изврши примарната емисија на акции, започнува тргувањето на пазарот на акции што во финансискиот речник се нарекува секундарно тргување. При иницијалната јавна понуда (IPO), компанијата пакетот на акции го продава на институционалните инвеститори (Примарна емисија) а институционалните инвеститори потоа тие акции ги нудат на пазарот на капитал (секундарно тргување). Секундарното тргување се одвива на меѓународните берзи, како што се Њујоркшката берза или NASDAQ.
Откако акциите на одредени компании ќе станат предмет на секундарно тргување, компанијата објавува извештај после затворањето на тргувањето, кој меѓу другото содржи: име на компанијата која ги емитирала акциите, тикер, датум на понудата, цена на отворање и цена на затворање. Извештајот после затворањето на тргувањето може да содржи дополнитлени информации како што се опис на самата компанија и финансиски податоци.
Извештај после затворање на тргувањето е корисно орудије за учесниците на пазарот за да го проценат интересот за акциите на новата компанија. Затоа што не постои гаранција во поглед на движењето на цената во иднина, извештајот после затворањето на тргувањето пружа основни информации и индикации за учесниците на пазарит да знаат дали да инвестираат во одредена акција или не. Учесниците на пазарот кои се интересираат за договори во разликата помеѓу цените го користат извештајот после затворањето на тргувањето за да добијат впечаток дали цената ќе расте или паѓа.
Содржина на fortrade.com во врска со извештајот после затворање на тргувањето:
• NASDAQ
• NYSE