Вид на графикон, често користен од трговците и финансиските професионалци, кој се состои од хоризонтални, правоаголни колони/столбови со должина пропорционална на магнитудата на она што тие го претставуваат. Врвот на столбот е највисоката точка која ја постигнала цената во одреден период, а дното на столбот е најниската. Цртичката лево од столбот ја покажува почетната цена, а цртичката на десната страна е заклучната цена за тој период.