Кај валутните парови, првата валута е “главна валута” (броител), а другата валута е “номинална” валута (именител). Вредноста на главната валута секогаш е еден. Според тоа, номиналната валута го претставува износот на другата валута во споредба со една главна валута. Кај валутниот пар британска фунта/американски долар (GBP / USD), на пример, вредноста на доларот е прикажана во однос на една фунта.