Penny stocks се акции на компанијата чија што вредност не надминува 5$. Со овие акции се тргува на вонберзанскиот (OTC) пазар. Во Обединетото Кралство, под penny stock спаѓаат акциите чија што цена не надминува 1£.
Тргувањето со овој вид на акции се смета како едно од најризичните. Penny stocks се повеќе акции од шпекулативен тип. Имајќи во предвид дека со овој вид на акции се тргува на OTC пазарите, тие не спаѓаат под стриктна регулатива како кај класичните берзи, што овие акции ги прави подложни на измами. Цената на овие акции е изразено волатилна, ценовниот распон помеѓу куповната и продажната цена е поголем во однос на традиционалните акции, што го зголемува ризикот кај овој вид на тргување.
Како и кај другите ризични инвестиции, што е поголем ризикот, тоа е поголема можноста за потенцијална заработка, што тргувањето со penny stocks го прави погодно за инвеститорите кои имаат високо ниво на толеранција на ризикот.
Содржина на fortrade.com поврзана со терминот penny stocks:
• Ценовна разлика (spread) помеѓу куповната и продажната цена.
• Договори за разлика на цената
• OTC тргување
• Ценовен распон